Достапни линкови

Помош за Хаити


Хаити - на улиците на главниот град Порт о Пренс
Хаити - на улиците на главниот град Порт о Пренс
Меѓународните напори за помош на настраданите во земјотресот во оваа Карибска земја е во тек. Во најлошиот земјотрес во изминативе 200 години, кој ги погодил Хаити има уништени училишта, болници, владини згради, и цели населби се срамнети со земја. Некои патиштата се блокирани, Дел од телекомуникациите се во прекин. Претседателот Рене Превал рече дека верува илјадници се загинати, а проценките одат и до стотици илјадници мртви.

„Многу луѓе умираат, ни треба помош. Ни треба итно помош. Нема болници, нема телефони, нема струја....нема ништо нема храна. Луѓето умираат“.

изјави еден граѓанин на Порт о Пренс. Според Меѓународниот Црвен крст, на 3 милиони жители на Хаити, или на една третина од населението им треба итна помош а сликата за тоа ќе биде појасна за ден - два. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун порача.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на прес конференција за ситуацијата на Хаити


„На народот на Хаити би сакал да му порачам дека сме со него и дека ќе ја обезбедиме помошта што најбрзо можеме. Знаеме дека ке бидат тешки деновите што доаѓаат“.

Шефот на мировните мисии на ОН за мировните мисии Ален Лероа изјави дека најмалку 14 нивни припадници загинале, а 150 се водат за исчезнати, вклучувајќи го и шефот на мисијата на Хаити.

Помошта пристигнува

Повеке земји во светот како Соединетите Држави, Велика Британија, Канада, Франција, Белгија, Шведска, Луксембург и Холандија испраќаат спасувачки екипи, некои со кучиња за пребарување на жртви под утрнатини и тешка машинерија, додека други нудат помош во шатори, во опрема за за прочистување на вода, лекари, телекомуникации. Американците испратија бродови и носач на авиони со хеликоптери за спроведување на операции на воздушно спасување. Претсседателот Барак Обама изјави.

„Луѓето на Хаити ке ја имаат целосната поддршка од Соединетите Држави. Се преземаат итни напори за спасување на заглавените под урнатините и за доставување хуманитарна помош во храна, вода и лекови“.

Светската банка најави 100 милиони долари итна помош за обнова и реконструкција на Хаити. Германија соопшти дека ке испрати итна помош од 1.450.000 долари, а Европската Комисија вети дека ќе испрати 4. 370.000 долари како брзо финансирање. Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на главниот град Порт-о-Пренс, беше проследен со десетина силни потреси.

Медиумите и натаму покажуваат сцени на хаосот на улиците на главниот град. Експертите предупредуваат дека населението може да се соочи со зголемен ризик од треска, маларија и сипаници, што ја имаше во земјата и пред оваа трагедија. Но, најголеми закани за здравјето на луѓето се респираторни болести од вдишување прав од урнатините и дијареа од пиење на загадена вода.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG