Достапни линкови

Турција доби извинување од Израел


Израел официјално и се извини на Турција поради однесувањето со турскиот амбасадор. Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сопштија дека се надеваат оти извинувањето ќе ги намали тензиите меѓу двете земји. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција го добила извинувањето „што го сакаше и го очекуваше“. Претходно, Турција се закани дека, ако Израел не се извини, ќе го отповика својот амбасадор во таа земја. Израел претходно упати протестна нота поради прикажување на филм на турска телевизија за кој Израел тврди дека е антисемитски. При тоа, израелскиот заменик министер за надворешни работи одбил да се ракува со турскиот амбасадор, кој требало да седне на многу ниска софа.
XS
SM
MD
LG