Достапни линкови

Пронајдена украдена слика на Моне во Полска


Полската полиција соопшти дека ја пронашла сликата на францускиот импресионист Клод Моне, која беше украдена од Националниот музеј во градот Познан пред речиси десет години. Полицијата уапсила еден маж во градот Олкуж, кој признал дека ја украл сликата Плажа во Пурвил. Вредноста на сликата кога беше украдена од музејот изнесуваше милион долари.
XS
SM
MD
LG