Достапни линкови

Невести од Албанија во Дебарско


Тирана

Тирана

По отворањето на Албанија во 90-тите години, во Македонија особено во пограничните региони, честа е појавата младите да се женат со албански државјанки. Само во Дебар и селските населби се евидентирани над 120 бракови на македонци со албански државјанки.

Во дебарско невестите од Албанија по етничко потекло се албанки, но има и македонки и ромки. Во населбата Варош во стариот дел на Дебар во која живеат 45 семејства, дури 24 невести се од Албанија . 34 годишната Блетра е првата невеста од Албанија која е мажена во Дебар во населбата Варош, во семејството Абдули кое инаку по потекло е од реканските села .

,,Дојдов во Дебар во 1992 година кога имав 17 години. Имам 2 керки и еден син, а со мојот сопруг се запознавме и се засакавме на прв
Дојдов во Дебар во 1992 година кога имав 17 години. Имам 2 керки и еден син, а со мојот сопруг се запознавме и се засакавме на прв поглед
поглед. Дојдов како турист во моментот кога се отвори границата меѓу Македонија и Албанија, за време на празникот Бајрам. Се запознавме, се согласивме и стапивме во брак. Јас сум од Тирана и имам двојно државјанство албанско и македонско. Живеам добро и се согласувам добро со семејството на сопругот."

вели Блерта . За Блерта која мошне добро го говори македонскиот јазик, кој е јазик на семејството на нејзиниот сопруг Мехмед, дружењето со другите невести од Албанија многу и помага да се надмине носталгијата за нејзиниот роден крај.

,,Ние сме добри пријателки, сме добри комшивки, а со некои од нив сме и роднини, бидејќи се мажени во семејството на мојот соруг. Со либерализацијата на граничниот режим меѓу Македонија и Албанија сега имаме можност почесто да патуваме во Албанија или пак моите да доаѓаат кај мене, бидејќи порано се плаќаше за визите."

Во оваа дебарска населба живее и Ариф Фетовски. Тој во Дебар е дојден од селото Могорче, а невеста има од Албанија. Тој е во брак со Саније цели 17 години.
Со либерализацијата на граничниот режим меѓу Македонија и Албанија сега имаме можност почесто да патуваме во Албанија или пак моите да доаѓаат кај мене, бидејќи порано се плаќаше за визите


,,Јас се женев во 1993 година, а потоа и за моите двајца други браќа зедовме невести од Албанија. Сите невести ни се од пограничните села на Албанија и тоа од Шупенци, Ѓурица и Војника."

И во текот на 2009 година во надлежните институции во регионот на Дебар, Центар Жупа и Долна Река се регистрирани 9 бракови склучени меѓу млади наши државјани со албански државјанки. Албанските невести кои се мажат во Дебар и соседните населени места велат дека кај албанските моми постои голем интерес да се мажат во Македонија, пред се поради фактот што бројот на женските деца е многу поголем од машките, но и поради подобриот стандард што невестите од руралните средини во Албанија го наоѓаат во урбаните средини во пограничните градови на Македонија.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG