Достапни линкови

Прв судски процес против МОБИНГ


Фабрика

Фабрика

Во битолскиот Основен суд започна првиот судски процес против мобинг односно психичко малтеретирање на работно место. Името на битолчанката која поднела тужба, како и тужената компанија се чуваат во тајност, но се дознава дека станува збор за текстилна компанија во Битола.

Во битолскиот Основен суд започна првиот судски процес против мобинг односно психичко малтеретирање на работно место. Името на битолчанката која поднела тужба, како и тужената компанија се чуваат во тајност. Но, се дознава дека тужител е работничка која за мобинг ја обвинила текстилната компанија во која работела. Ова е можеби единствена или една од ретките тужби за мобинг поднесени во државата. Организациите кои ја испитуваат ваквата проблематика велат дека жртвите многу тешко се одлучуваат да пријават зашто сметаат дека газдите ќе ги прикријат доказите.

,,Се плашат за своето работно место и поради таа причина не пријавуваат мобинг. Од друга страна како причина за непријавување го
Се плашат за своето работно место и поради таа причина не пријавуваат мобинг. Од друга страна како причина за непријавување го наведуваат тоа „што и ако пријавам нема нашин на кој ќе бидам понатаму заштитен
наведуваат тоа „што и ако пријавам нема нашин на кој ќе бидам понатаму заштитен“. Се плашат и од моќта на работодавачите во одредени ситуации кои сметаат дека се доволно моќни да се заштитат самите себе и да нема практично докази за мобинг."

вели Драгана Митровиќ програм менаџер на прокети кои го третираат мобингот. Тужителката од Битола правно ја застапува Регионланиот синдикален сојуз.

,,Одржани се две рочишта од тој спор, не е завршен, па затапување продолжува и понатаму. Ова е навистина уникатен процес кој се води во Република Македонија. Според наша проценка можно е да има проблем ако се јават одредени притисоци, но од наша страна беше кажано дека доколку добиеме информации за притисоци ќе поднесеме кривичнио пријави против тие што вршат притисоци и против сведоците."

вели синдикалецот Живко Митревски.И невладините организации и синдикатот сметаат дека со измена на два члена од Законот за работни односи тешко дека ќе им се овозможи соодветна правна заштита на жртвите од мобинг. Во последно време се поотворено се говори и за политичкиот мобинг кој во Македонија станува редовна појава при промена на власта.
Причина за мобинг често е политичката припадност на вработените и на работодавачите


,,Причина за мобинг често е политичката припадност на вработените и на работодавачите. Последиците се тие што доаѓа го малтеретирање психолошко и од секаков вид, се менуваат работни места, се деградираат, колегите или надредените од друга политичка партија ги малтретираат веројатно за да дојде до напуштање на работата од нивна страна."

додава Митровиќ.
За надминување на ваквата појава неопходна е професионализација на јавната администрација, смета Сашо Додовски од Младинскиот културен центар од Битола, НВО организација која подолго време го третира мобингот како проблем на денешницата.

,,При секоја промена на власта се случува огромно разместување на луѓе на многу работни места кои се проследени со разни притисоци, но причините за сето тоа се политички. Разместувањата одат вертикално од највисока политичка функција до најниска до стражарското или шоферското место."

смета Додовски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG