Достапни линкови

logo-print

Тимошенко-Јанукович ќе ги фалсификува резултатите на изборите


Украинскиот премиер Јулија Тимошенко денеска на владиниот состанок во Киев го обвини нејзиниот најголем ривал на претседателските избори Виктор Јанукович дека ќе се обиде со измама да добие поголем број на гласови. Јанукович на обвинувањата на Тимошенко одговори дека опозицијата неможе да ги фалсификува резултатите, затоа што тоа може да го направат само властите, кои ги имаат механизмите, структурата и министерството за внатрешни работи. Гласањето за избор на нов шеф на државата ќе се одржи на 17 јануари.
XS
SM
MD
LG