Достапни линкови

Богдановиќ принуден да го напушти Косово


Косовската полиција денеска го принуди српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ, кој беше во посета на Штрпце, да го напушти Косово. Портпаролот на полицијата Баки Кељани изјави дека Богдановиќ немал дозвола за посета. Богдановиќ пак оцени дека овој потег на косовската полиција покажувал оти србите не се добредојдени на Косово. Претседателот на Србија Борис Тадиќ го прослави православниот Божиќ на Косово иако и тогаш имаше негодувања од албанците.
XS
SM
MD
LG