Достапни линкови

logo-print

Ѓул-Турција можеби ќе го отповика амбасадорот во Израел


Турција ќе го отповика својот амбасадор во Израел доколу до вечер не бидат решени несогласувањата меѓу двете земји, соопшти турскиот претседател Абдула Ѓул. Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман, кој е во посета на Никозија ја повика Турција да се однесува кон Израел со достоинство и соопшти дека тие не сакаат да имаат проблеми со земјата. Тој посочи дека Израел нема да толерира потикнување на омраза кон Евреите.
XS
SM
MD
LG