Достапни линкови

logo-print

Ќе се отстрани бодликавата жица меѓу Молдавија и Романија


Молдавскиот премиер Влад Филат го потпиша указот за остранување на бодликавата жица на границата меѓу Молдавија и Романија. Властите жицата ќе треба да ја остранат до 10 март. Филат соопшти дека во 21 век границите кон сите земји треба да бидат отворени за луѓето слободно да се движат. Односите меѓу двете земји беа влошени за време на комунистичкиот режим во Молдавија во 2000 година.
XS
SM
MD
LG