Достапни линкови

Иран: повторени обвинувањата против САД и Израел


Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани денеска ги повтори обвинувањата дека американски и израелски разузнавачки агенции стоеле зад вчерашното убиство на иранскиот нуклеарен научник Масуд Мохамади. Лариџани во обраќањето во парламентот го обвини и американскиот претседател Барак Обама за, како што изјави, промоција на тероризмот. Стејт департментот ги отфрли како апсурдни ваквите обвинувања. Иранските државни медиуми го опишуваат Мохамади како силен поддржувач на исламскиот режим, но, неговото име се појави и во рамките на блокот на приврзаниците на опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави.
XS
SM
MD
LG