Достапни линкови

Израел без извинување за спорот со Турција


Израел се обидува да го изглади дипломатскиот спор со Турција, но не понуди извинување како што тоа го побара Анкара. Спорот беше предизвикан вчера кога израелскиот заменик министер за надворешни работи Дани Ајалон го повикал турскиот амбасадор во Израел во знак на протест поради тоа што во една турска телевизиска драма израелските агенти биле прикажани на недоличен начин. Притоа, како што се наведува, заменик министерот не се ракувал со амбасадорот и го ставил да седи пониско од него. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Ајалон не се однесувал на дипломатски прифатлив начин.
XS
SM
MD
LG