Достапни линкови

Празничната сезона завршува, џебовите испразнети


Граѓаните велат дека во текот на празниците имаат зголемени трошоци, па јануари за нив е „најдолг месец“ во годината. Според експертите, за лицата со поскромни примања празниците се можност за излегување од сивилото

Вечерва се чека православната Нова Година, попозната во јавноста како Василица. Традиционалното кршење на пита со паричка, меѓу другото, за многумина ќе го одбележи и крајот на празничната сезона овој месец. За многумина граѓани јануари е најдолг месец во годината, поради зголемените трошоци за празнување

„Трошоци, нормално, после празници.“
Дел од граѓаните празниците ги доживуваат како можност да излезат од сивилото, да се покажат дека и тие сепак можат да си допуштат, макар и само во текот на овие денови

„Умерено да, вклучувајќи поголеми сметки што ги очекуваме за струја.“
„Да, најдолг месец е.“

Се чини дека секој различно ги проценува трошоците за новогодишните и божиќните празници

„50 посто се зголемени трошоците.“
„Седум, осум посто се поголеми во моето семејство.“

Запрашани како ќе се снаоѓаат за време на најдолгиот месец во годината, граѓаните со различни одговори

„Па, само со работа.“
„Па, со маки.“
„Во февруари ќе трошиме помалку, или ќе одложиме некои набавки.“

Зголемени трошоци за живот покажуваат и официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Пред официјалниот старт на празниците во месец декември просечниот Македонец имал за 1 процент повисоки трошоци во споредба со ноември минатата година. Најмногу се трошело на храна и безалкохолни пијалоци. На второ место се обувките и облеката а трет приоритет на потрошувачкиот список на просечниот жител на Македонија се сметките за струја, вода, греење и слично.

Од тука се поставува прашањето зошто во услови на криза граѓаните не ги прилагодуваат трошоците, туку трошат повеќе ? Социологот Христо Карталов вели дека трошењето за време на празниците не е предводено од економските законитости, туку од културата и традицијата.

„Повеќе работата е психологија, култура, традиција отколку за нешто што има некоја економска логика и законитост.“

Според Карталов, за лицата со поскромни примања празниците се можност за излез од сивилото во кое живеат, за разлика од финансиски поситуираните лица на кои не им е потребен посебен повод за да трошат повеќе пари:

„Дел од граѓаните празниците ги доживуваат како можност да излезат од сивилото, да се покажат дека и тие сепак можат да си допуштат, макар и само во текот на овие денови.“

Инаку пред празниците, според податоците на Заводот за статистика, забележано е намалување на трошоците за рекреација и култура.
XS
SM
MD
LG