Достапни линкови

logo-print

Филе: решавање на спорот за името, услов за датум за преговори


Скопје и Атина да ја искористат отворената можност за решавање на спорот за името, за да може да се одреди датум за почеток на преговорите со Македонија, рече идниот еврокомесар за проширување Штефан Филе во неговото вчерашно испрашување во Европскиот парламент. Чехот Филе, кој од идниот месец треба да ја преземе должноста од Оли Рен, најави дека Европската унија ќе продолжи да ги поттикнува натамошните реформи во земјите од Западен Балкан, неопходни за влез на тие држави во Унијата. Проширувањето на ЕУ е успех, тоа ја прави Европа посилна. Во следните пет години сакам нови членки во нашето семејство, истакна Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG