Достапни линкови

logo-print

Завршува првиот круг преговори за Кипар


Денеска во Никозија завршува првиот тридневен круг интензивни преговори за кипарското прашање. Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас вчера ги претстави предлозите на кипарските Грци во врска со управувањето и поделбата на надлежностите на идната федерална држава, за која се залагаат тие. Документот со оваа позиција бил доставен на вчерашната втора средба со лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат. Вториот триденевен круг преговори е закажан за периодот од 25 до 27 јануари.
XS
SM
MD
LG