Достапни линкови

САД ќе му помагаат на Авганистан во борбата со трговија со опиум


САД ќе издвојат 20 милиони долари за да му помогнат на Авганистан во спречување на трговијата со опиум. Амриканскиот секретар за земјоделство, Том Вилсак соопшти дека парите се дел од поголема стратегија за финансирање и обезбедување на кредити за авганистанското земјоделство. Дел од планот е да се направат фондови за зеленчук и овошје, кои ќе можат да се натпреваруваат со трговијата на опиум. Авганистан е еден од најголемите производители на опиум, од кој се прави хероин. Парите од неговата продажба одат во рацете на Талибанците.
XS
SM
MD
LG