Достапни линкови

Ваква можност ќе имаат млади луѓе со добра, иновативна бизнис идеја доколку својот проект го пријаваат во Националниот Центар за развој на иновациите, кој заедно со групацијата ,,Сивус" веќе втора година по ред организира кампања за избор и финансиска поддршка за најдобриот бизнис план. Проектот е добра можност за младите луѓе кои сакаат, а немаат можност да започнат свој бизнис.

Производство на органско млеко од кози, интернет страна за електронско учење за деца од предшколска возраст, софтвер за следење на агроекономија, дизајн на мебел. Ова се дел од бизнис идеите на млади и креативни луѓе кои станаа реалност. Тоа се добитници на награди од заедничкиот проект на групацијата “Сивус” и Националниот центар за развој на иновациите. И годинава во склоп на новата кампањата „ Биди иновативен“ тие ќе доделуваат 10 награди за бизнис план во вкупна вредност од 20 илјади евра. Речиси секоја година на ваквите проекти се пријавуваат околку 500 млади луѓе кои сакат да започнат свој бизнис, велат во Центарот. Ема Абазовиќ заедно со нејзиниот колега Игор Димковиќ со помош на освоената награда отвори свое атеље за рачно изработен скапоцен накит.
Тука се пред се студентите и дипломираните, како и тие што имаат одредено работно искуство, но за сите е заедничко што сакаат да се осамостојат, имаат идеја за започнување на свој бизнис, им е потребно мало потикнување и охрабрување, дообука, советување, а понекогаш и мала финансиска стимулација

,,Со тие пари си обезбедивме основни потреби, алати за изработка на скапоцени камчиња што е нешто што никој го нема во Макеоднија, а сами не ќе можевме да го купиме."

Асистентот во проектот Трајче Велковски вели дека веќе 20-тина компнии со по неколку вработени се основани токму на ваков начин.

,,Интересно беше производството на органско млеко од кози, таа идеја функционира. Можеби не е толку интересна, но е идеја што е сигурно иновативна и актуелна и сето она што е органско допрва ќе следува и ќе биде актуелно на нашиот пазар."

Основен критериум за аплицирање е да бидат помлади од 35 години и да имаат разработена идеа базирана на иновација. Заинтересираните кандидати со своите бизнис планови ќе можат да аплицираат на порталот на Центарот при што прво ќе бидат селектирани 80-те најиновативни бизнис идеи, по што ќе следува 13-дневна обука и натпревар за најдобар бизнис план. Раководителот на проектот Игор Николовски од Националниот центар вели дека целта на кампањата “Биди иновативен” е младите да ги преточат своите идеи во нови бизниси.

,,Тука се пред се студентите и дипломираните, како и тие што имаат одредено работно искуство, но за сите е заедничко што сакаат да се осамостојат, имаат идеја за започнување на свој бизнис, им е потребно мало потикнување и охрабрување, дообука, советување, а понекогаш и мала финансиска стимулација."

Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат најдоцна до 15-ти февруари, а од 26-ти започнува обуката и подготовка на бизнис плановите кои до 21 април ќе треба да бидат испратени до центарот. Три комисии ќе ги оценуваат најдобрите, по што победниците ќе бидат прогласени на 10 мај, на европскиот ден на претприемништвото. Наградниот фонд за најдобрите бизнис планови го обезбеди Австриската развојна агенција во Македонија, чии преставници истакнаа дека ќе продолжат да ги стимулираат бизнис идеите на младите претприемачи од Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG