Достапни линкови

Македонија делумно слободна земја


Логото на Фридом Хаус

Логото на Фридом Хаус

Македонија и годинава како и изминатите неколку години доби оценка 3 за развојот на слободите и демократијата во земјава, од Фридм Хаус за изминатата година. Ова ја дефинира Македонија како делумно слободна земја што според дел од експертите во змејава значи дури и преблага оценка според фактичката сосотојба со демократијата и преслаба според амбициите да станеме дел од Европската Унија.
Македонија како кандидат за ЕУ едноставно е недозволиво да има таква ниска оценка бидејќи нашите соседи Бугарија на пример, веќе одамна имаат оценка еден до два, додека ние веќе десетина години можеби ја имаме оценката на делумно слободна земја


,,Македонија како кандидат за ЕУ едноставно е недозволиво да има таква ниска оценка бидејќи нашите соседи Бугарија на пример, веќе одамна имаат оценка еден до два, додека ние веќе десетина години можеби ја имаме оценката на делумно слободна земја."

Изјави политикологот Здравко Савевски според кого ова е знак дека македонија требе да поработи на демократијата во земјава. Она што е попроблематично се изборите коишто во држава аспирант за Европската Унија велат експертите треба да бидат кристално чисти. Во надолна линија според нив оди и слободата на медимите и тенденцијата да бидат зависни не само јавните туку и приватните. Искушенијата низ коишто поминува државата пред се темата околу спорот за името, биле според аналитичарот Албер Муслиу еден од индикаторите за ограничената слобода на јавно изразување на мислењето особено она коешто е спротивно на владиниот концепт.

,,Имавме прилично голема стагнација. Знаете дека минатата година имавме приличен број на ,,издајници" на ,,патриоти" што е метода која што го ограничува слободното мислење, затоа што никој несака неговото слободно мислење да биде
Знаете дека минатата година имавме приличен број на ,,издајници" на ,,патриоти" што е метода која што го ограничува слободното мислење
дефинирано на некој начин како ставање во табор."

Демократијата не значи само правото на глас на избори туку и слушање на гласот на другите фактори во општеството како што е академијата на наукитем, интелектуалвите, граѓанскиот сектор. Спореед експертите зависноста особено кај медиумите ја зголемува лошата економска состојба. При тоа критичкото мислење за работата на инситуциите е сведено на минимум а методите на пригушување се пософистицирани. Непочитувањето и неимплементирањето на законите особено оние кои што спаѓаат во доменот на човековите права, како и неразвиената свест пошироко во општетсвото не овозможува пробив кон повисоките оценки за развојот на демократијата во земјава, заклучуваат експертите.
XS
SM
MD
LG