Достапни линкови

Штефан Фуле: Се надевам дека брзо ке има преговори ЕУ - Македонија


„ -Се надевам дека земјите членки на Европската Унија наскоро ке бидат во можност да отворат преговори за членство со ПЈР Македонија во согласност со препораката на Комисијата“. Ова е писмен одговор на Штефан Фуле до евро парламентарците во рамките на процесот на сослушувањето на кандидатите за евро комесари кои се во тек во Брисел. Чехот Фуле, кој треба да биде потврден како комесар за проширување на Европската Унија, во врска со датумот за преговори на Унијата со Македонија напиша и дека сепак се потребни особени напори со цел да се реши прашањето на името со Грција. Штефан Фуле претходно беше чешки амбасадор во НАТО како и прв заменик министер за одбрана во Чешката Република и се смета за добар познавач на Балканот. Тој смета дека перспективата за приклучување во Европската Унија е моќно средство кое што ќе ги охрабри политичките и економските реформи во сите земји кандидати.
Во однос на визната либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора Фуле изјави дека со укинувањето на визите граѓаните од овие земји ќе имаат можност да патуваат а со тоа да воспостават контакт и да ги запознаат вредностите на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG