Достапни линкови

Денарот стабилен и годинава?


Девизниот курс и годинава стабилен?

Девизниот курс и годинава стабилен?

Гувернерот на НБМ Петар Гошев вели дека денарот ќе биде стабилен и во 2010. Стопанствениците се надеваат дека трендот на пад на референтнинте каматни стапки ќе продолжи. Според нив, само „евтини пари“ ќе резултираат со инвестиции и развој.

Едно евро чини 61 денар. Курсот одамна се нема променето, што е знак дека Македонската валута е стабилна. Од Народната
Кажав дека продолжува таа политика. 2010 очекуваме помалку проблеми, помалку притисоци, подобар амбиент на монетарната политика за одржување на стабилен девизен курс.
банка велат дека и годинава политиката нема да се менува а претставниците на приватниот сектор, од друга страна, посочуваат дека освен макроекономската стабилност, потребен е и лесен пристап до пари за развојни проекти.

Гувернерот на Народната Банка на Македонија Петар Гошев вели дека досегашната политика на институцијата ја има одржано стабилноста на денарот и годинава не се планираат промени.
Гувернерот на НБМ Петар Гошев и годинава ќе го „брани“ денарот

„Кажав дека продолжува таа политика. 2010 очекуваме помалку проблеми, помалку притисоци, подобар амбиент на монетарната политика за одржување на стабилен девизен курс.“

Минатата година централната банка одржуваше строга монетарна политика со објаснување дека во услови на криза се затега ременот за меѓу другото, да се одржи и стабилноста на домашната валута. Последица на оваа построга политика според експертите, беа поскапите кредити за стопанството и граѓаните.
Како дел од макро економската стабилност нормално е и стабилниот девизен курс, но од друга страна и пристапот до поволни финансиски средства. Затоа што не може да има домашни инвестиции и развој без пристап до финансиски средства

Претставниците од приватниот сектор велат дека за малите и средни претпријатија во земјава најбитна е макроекономската стабилност. Митко Алексов од Сојузот на Стопански комори вели дека најповолно за фирмите во земјава е пристапнопст на капиталот во услови на стабилна макроекопномска состојба

„Како дел од макро економската стабилност нормално е и стабилниот девизен курс, но од друга страна и пристапот до поволни финансиски средства. Затоа што не може да има домашни инвестиции и развој без пристап до финансиски средства.“

Годинава НБРМ ги намали референтните каматни стапки на благајничките запшиси, што придонесе до намалување на каматите на банкарските кредити. Алексов се надева дека овој тренд ќе продолжи

„Значи, како што беше во овие два наврати од 0,5 насто, очекуваме референтната каматна стапка да дојде на ниво од шест отсто, доколку се создадат услови за тоа, односно подобрување на стопанството и економијата во Македонија воопшто.“
XS
SM
MD
LG