Достапни линкови

logo-print

Убиениот ирански професор Мохамади бил нуклеарен физичар


Иранскиот нуклеарен физичар професорот Масуд Мохамади денеска е убиен пред својот дом со далечински управувана бомба, јави Иранска државна телевизија. Засега не се знае дали тој е поврзан со иранската нуклеарна програма. Според извештаите, тој бил силен подржувач на Исламската Револуција од 1979 година. Според радиото ИРИБ, зад нападот врз професорот стојат анти револуционерни елементи. Иран се соочува со немири потикнати од спорните претседателски избори во јуни на кои Махмуд Ахмадинеџад повторно стана Претседател, а кои опозицијата не ги признава за легитимни. Западните земји пак се сомневаат дека Иран сака да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG