Достапни линкови

Почина жената која го спаси Дневникот на Ана Франк


Миеп Гиес, жената која го зачува дневникот на Ана Франк откако нацистите ја заробија младата еврејка во Холандија за време на Втората Светска Војна, почина на возраст од 100 години. Гиес работеше како секретарка на канцеларијата на таткото на Ана Франк, и беше меѓу ретките не-евреи кои им даваа храна на семејството Франк и четири други Евреи, додека тие се криеја во тајно складиште во Амстердам повеќе од две години за време на Втората светска војна. Ана Франк умре од тифус на возраст од 15 во концентрациониот логор Берген-Белсен. Дневникот на Ана Франк, хроника на семејството, за прв пат беше објавена во 1947 година и е една од најпознатите евиденции на холокаустот, објавена на 65 јазици.
XS
SM
MD
LG