Достапни линкови

logo-print

Кој го уби професор Мохамади?


Со далечински контролирана бомба, како што јави Иранска државна телевизија, во Техеран загина универзитетскиот професор Масуд Мохамади. Тој бил убиен во близина на неговиот дом. Според извештаите, тој бил силен подржувач на Исламската Револуција од 1979 година. Според радиото ИРИБ, зад нападот врз професорот стојат анти револуционерни елементи. Иран се соочува со најдраматични немири од исламската револуција потикнати од спорните претседателски избори во јуни на кои Махмуд Ахмадинеџат повторно стана Претседател, а кои опозицијата не ги признава за легитимни.
XS
SM
MD
LG