Достапни линкови

Две години од хеликоптерската несреќа во Блаце


Денеска се навршуваат две години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, во која животот го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Високи делегации од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите припадници на воздухопловниот ВИНГ, ќе положат венци со цвеќе на спомен обележјата пред командата на ВИНГОТ и на местото на несреќата кај Блаце. Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, полетаа со хеликоптерот од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направи на шест милји од целта.
XS
SM
MD
LG