Достапни линкови

Приоритети на Јосиповиќ- влез во ЕУ и подобри односи со соседите


Новоизбраниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ изјави дека главни цели на надворешната политика на Хрватска се влезот во Европската унија, зајакнување на соработката со соседните земји, како и решавање на сите отворени прашања со нив. Соработката со соседите Јосиповиќ ја оцени како мошне важна за хрватската национална безбедност, додавајќи дека поради компатибилните економии е можен заеднички настап на трет пазар.
XS
SM
MD
LG