Достапни линкови

Неделава разговори за нови санкции спрема Иран


Државниот секретар на САД Хилари Клинтон, која се наоѓа на пацифичка турнеја, изјави дека Соединетите држави и уште пет земји кои се занимаваат со прашањата околу иранската нуклеарна програма, ќе се состанат во Њујорк на крајот од неделата да разговараат за можното воведување нови санкции против Техеран, поради одбивањето да ја прекине нуклеарната програма. Клинтон во американската воздухопловна база Травис на пат за Хаваи изјави дека САД, Кина, Русија, Франција, Британија и Германија ќе разговараат за видот на санкции, откако Обединетите нации веќе усвоија три резолуции за санкции против Иран. Во меѓувреме Клинтон за време на својата турнеја ќе ги посети Австралија, Нов Зеланд и Нова Гвинеја.
XS
SM
MD
LG