Достапни линкови

Ирачкиот парламент го одобри новиот заменик премиер


Ирачкиот парламент денеска го одобри именувањето на курдскиот политичар Рос Нури Шавис на функцијата втор заменик на премиерот Нури Ал Малики. Шавис ќе го заземе местото на Бархам Салих, кој стана премиер на регионот Курдистан, по курдските парламентарни избори во 2009 година. Функцијата на прв заменик премиер ја извршува Рафи Ал Есави.
XS
SM
MD
LG