Достапни линкови

Нови канцеларии на Црвениот Крст во Кумановско


Логото на Меѓународниот Црвен Крст
Логото на Меѓународниот Црвен Крст

За подобра хуманитарна комуникација и за соодветна помош која кумановскиот Црвен крст може да им ја обезбеди на жителите од другите општини, во двете соседни општини Липково и Старо Нагоричино отвори свои канцеларии.

Канцеларијата на Црвен крст во Козјачко-пчињскиот регион лоцирана е во планинското село Жегљане,на 30-ина километри од Куманово. За жителите од овој пасивен,неразвиен и прилично сиромашен крај и ова е еден сигнал дека не се оставени сами на себе,особено кога е во прашање континуирано следење на нивните потреби и надминување на основните проблеми. Мирослав Стаменковски од Жегљане вели дека населението е благодарно и на кумановскиот Црвен крст и на градоначалникот на Старо Нагоричино, бидејќи смета дека:
Ова е добра прилика за населението кое живее и работи во оваа Општина и во овој крај. Помошта ќе биде во облека,обувки,храна и др.


,,Ова е добра прилика за населението кое живее и работи во оваа Општина и во овој крај. Помошта ќе биде во облека,обувки,храна и др."

Тој додава дека во Козјачко-пчињскиот крај има потреба од помош:

,,Има изнемоштени,сиромашни и самци на кои им е потребна помош."

Иле Митковски секретар во Општинската организација на Црвениот крст во Куманово вели дека идејата за доближување до населението од руралните средини е од повеќе причини.
Сакам ЦК да биде што поблиску до граѓаните од овој крај, бидејќи понеизводливо е тие нас да не бараат, отколку ние да бидеме во нивна близина


,,Сакам ЦК да биде што поблиску до граѓаните од овој крај, бидејќи понеизводливо е тие нас да не бараат, отколку ние да бидеме во нивна близина. Ние не се наметнуваме со луѓе од Куманово,туку со луѓе кои потекнуваат од овие места. Токму тие најдобро го познаваат населението и приликите,така што и најдобро може да се помогне."

Кумановскиот Црвен крст е прв во Македонија кој своето хуманитарно делување го проширува и реализира со доближување до населението и тоа со посредство на своите активисти кои потекнуваат од тие средини. Митковски смета дека можеби токму оваа организација има кондиција за такво нешто, а можеби и ќе послужи како добар пример и за останатите организации да тргнат по тој пат. Во поширокиот кумановски регион бројот на сирмомашните луѓе секојдневно се зголемува.Секаков вид помош ќе им биде добредојдена.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG