Достапни линкови

Мичел-САД и Европа да соработуваат за Блискиот Исток


Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел соопшти денеска во Париз дека соработката на Европа и САД е клучна за обнова на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, бидејќи ни една земја неможе самостојно да ги оствари. Мичел изјави дека тие работат на тоа што побрзо да се одреди датум на кој треба да се постигне позитивен договор. Тој смета дека израелскиот народ со право сака нивната земја да биде безбедна, но и палестинскиот со право сака да има своја држава.
XS
SM
MD
LG