Достапни линкови

Министер за одбрана осуден на 8 години во Киргистан


Воениот суд во Бишкек денеска го осуди на 8 години затвор поранешниот киргистански министер за одбрана Исмаил Исаков, кој беше обвинет за корупција и злоупотреба на функцијата. Судската одлука е донесена поради тоа што Исаков му обезбедил стан на неговиот син со лажни документи од 2005 до 2007 година. Другите обвинувања против него за корупција и финансиски малверзации беа отфрлени. Искаков по судењето соопшти дека одлуката е политички мотивирана.
XS
SM
MD
LG