Достапни линкови

Да продолжи истрагата за загинувањето на Претседателот Трајковски


Анкетната комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски денеска го усвои Извештајот изготвен од страна на стручни лица во врска со авионската несреќа кај Мостар на 26 февруари 2004 година. Во него се се сугерира продолжување до целосно завршување на истрагата за трагедијата. Во извештајот што ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија, како што соопшти претседателот на Комисијата Оливер Шамбевски, се посочува дека Комисијата изразува поддршка за напорите на Андреас Грос, пратеник во Парламентот на Швајцарската Конфедерација и во Парламентарното собрание на Советот на Европа во неговиот досегашен и натамошен ангажман околу истрагата.
XS
SM
MD
LG