Достапни линкови

Авганистанците попозитивни во однос на иднината


Авганистанците гледаат попозитивно на иднината отколку пред една година, според една анкета спроведена во земјата. Околу 70 проценти веруваат дека Авганистан оди во вистинскиот правец и веруваат дека претседателот Хамид Карзаи ќе ја подобри безбедноста и економијата во земјата. Речиси 83 проценти одговориле дека е добро што американските сили дошле во Авганистан за да се борат против Талибанците. Во анкетата учествувале 1500 граѓани.

XS
SM
MD
LG