Достапни линкови

Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија


Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија
Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија

Радио дифузната такса воопшто не е спорна. Спорно е тоа што сега се испорачаа фактури, односно сметки за подолг период наназад, кој створи револт и забуна кај сите граѓани.

Господин Стефановски, наплатата на радиодифузната такса предизвика реакции во приватниот сектор и кај народниот правобранител и исто така помеѓу некои експерти. Што беше спорно за начинот на кој се наплати радио дифузната такса од фирмите?

Морам на почетокот да нагласам дека радио дифузната такса воопшто не е спорна. Спорно е тоа што сега се испорачаа фактури, односно сметки за подолг период наназад, кој створи револт и забуна кај сите граѓани. Според мене, нема да толкувам ниту ставови на правобранителот, ниту на другите директно погодени субјекти со ваквиот начин на наплата. Би рекол дека можеше да се избегне ваква конфузија доколку се дадеше можност секој граѓанин да ја плати радио дифузната такса за претходниот месец и еден месец во периодот за кој сеуште не се застарени побарувањата. Тоа ќе течеше неколку месеци со дуплирана радио дифузна такса за потоа да продолжи нормално, месец за месец.

Сега, можеби е мала шпекулација, но пред Нова година на фирмите им беше присилно наплатено, со трошоци за извршител и сите останати давачки. После Нова година од владата информираа дека ќе важи законот за извршување и за приватните лица. Дали тоа може да се повтори и кај граѓаните?

Со оглед на тоа дека ние сите сега располагаме со трансакциони сметки итн, мислам доколку дојде до присилна наплата тоа е возможно. Прво, се почна со правните лица бидејќи тоа е поедноставно, каде што можат парите да им се издвојат од сметката, односно присилно да им се наплатат. Жалосно е што мораа да платат и извршители и дополнителни трошоци поголеми дури и од вредноста на самата радио дифузна такса. Но, ќе биде многу проблематично кога би се презел истиот чекор кај физичките лица. Во Република Македонија навистина има семејства на работ на егзистенција и таков потег ќе предизвика револт.

И уште едно прашање, во врска со кабелските оператори и операторите на дигиталните платформи, стои обврската дека после Нова година ќе треба да ги преведуваат сите странски програми на македонски јазик, дали тоа е остварливо со оглед на техничката подготвеност на операторите и дали ќе доцни програмата еден ден поради превод?

Значи, прво, обврската не е да се преведуваат сите програми на македонски јазик. Обврската е многу јасна во законот. Тие можат да ги пренесуваат програмите на странските медиумски сервиси на јазикот на којшто тие се оригинално произведени. Но, доколку титлуваат, тој титл треба да биде исклучиво на македонски јазик. Ние оваа одредба ја имавме и во минатите четири години, но не почнавме да ја спроведуваме бидејќи реално немаше критична маса во Република Македонија, ниту пак имаше доволно средства и големи компании кои можеа да си дозволат таков луксуз. Кабелашите за жал беа некако заспани во изминатиот период, тие ја знаеја обврската но мислеа дека никогаш нема да дојде до тој степен во Македонија да почне да се титлува. Еве дојдовме и приказната тука мора да заврши.
XS
SM
MD
LG