Достапни линкови

logo-print

Иво Јосиповиќ е нов претседател на Хрватска


Иво Јосиповиќ е новиот претседател на Хрватска, соопшти на полноќ Државната изборна комисија. Кандидатот на опозициската социјалдемократската партија освоил повеќе од 900 илјади или 60 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, 39 насто.По прогласувањето на победата Јосиповиќ изјавил дека дека граѓаните покажале висока свест и желба за европска Хрватска. Тој најавил остра борба со корупцијата. Излезноста во вториот круг од изборите била 50,28 проценти, или шест насто повеќе во споредба со првиот круг одржан пред две недели. Право на глас имаа 4,4 милиони луѓе. Педесет и двегодишниот Јосиповиќ е третиот претседател на Хрватска откако државата стекна независност во 1991 година. Тој е доктор на правни науки, професор по меѓународно кривично право на Универзитетот во Загреб и композитор. Пратеник е од 2003 година.
XS
SM
MD
LG