Достапни линкови

Повик до Иран за поголема транспарентност на нуклеарната програма


Претставници на Обединетите Арапски Емирати и на Германија изјавија дека Иран мора да се потруди да ја намали загриженоста на меѓународната заедница за неговата нуклеарна програма или ќе следуваат санкции. Министерот за надворешни работи на Арапските Емирати, шеикот Абдулах бин Зајед, по средбата со својот германски колега изјави дека е загрижен за нетранспарентноста на Иран за нуклеарната програма. Западните земји го обвинуваат Иран за развој на нуклеарно оружје, а Техеран тоа го негира.
XS
SM
MD
LG