Достапни линкови

Израел ги зголемува безбедносните мерки на границата со Египет


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да ја зголеми бариерата по должината на границата со Египет. Според плановите, со напредна опрема за набљудување на границата ќе се намали бројот на имигранти. Нетанјаху изјавил дека ова е стратегиска одлука со која ќе го осигура израелскиот народ. Тој најавил дека и натаму ќе бидат пропуштани бегалците од конфликтните области, но нема да се дозволи илјадници нелегални работници да се инфилтрираат во земјата.
XS
SM
MD
LG