Достапни линкови

Папандреу-демократијата неможе да биде тероризирана


Грчкиот премер Јоргос Папандреу изјави дека демократијата неможе да биде тероризирана, при денешната посета на местото каде вчера се случи експлозија во близина на споменикот на незнајниот јунак пред Парламентот во Атина. Во експлозијата немаше повредени, а нанесена е мала материјална штета. Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисоходис соопшти дека нападот пред Парламентот е симболичен чин и дека одговорните за него ќе бидат казнети.

XS
SM
MD
LG