Достапни линкови

Гугл им се извини на кинеските поети


Интернет гигантот Гугл објави јавно извинување до кинеските поети и призна дека ги преземал нивните книги од кинеските издавачи за да ги искористи во сопствениот проект- дигитална библиотека. Копија од извинувањето на лидерот на Гугл во Азија, Ерик Хартман беше објавена денеска на веб страната на кинеската асоцијација на поети. Според кинеската издавачка асоцијација околу десетици илјади книги од стотина кинески поети биле ставени на Гугл букс. Проектот на Гугл не го подржуваат издавачите од САД, Франција, Германија и некои други земји.
XS
SM
MD
LG