Достапни линкови

Кина најголем извозник во светот


Кина соопшти дека и го презела приматот на Германија на најголем извозник во светот. Земјата во декември го зголемила извозот за 17,7 проценти, при што заработила 1,2 трилиони долари во 2009 година. Очекувањата на Германија за мината година беа дека извозот ќе и донесе заработка од 1,17 трилиони долари, што ја прави Кина најголемиот извозник во светот.

XS
SM
MD
LG