Достапни линкови

Земјотрес со јачина од 6,5 степени во Калифорнија


Земјотрес со јачина од 6,5 степени според рихтеровата скала го погоди Тихиот океан на брегот на западна Калифорнија. Според извештаите некои заедници останале без струја, а имало и протекување на гасот, канализацијата и водата, а некои луѓе имаат помали повреди, поради скршените стакла. Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот го погодил дното на океанот на длабочина од 16 километри. Властите изјавија дека нема опасност од цунами.

XS
SM
MD
LG