Достапни линкови

Нереди меѓу муслиманите и христијаните во Египет


Муслиманите и христијаните меѓусебно си ги запалиле куќите во Египет, три дена по убиството на 6 христијани пред една Коптска црква. Четири муслимански и четири христијански куќи се запалени во близината на градот Наг Хамади. Коптските христијани сочинуваат 10 проценти од целокупното население во земјата, кое претежно е со муслиманска вероисповед. Тензијата меѓу нив се зголеми по инцидентот на 6 јануари, кој резултитраше со протести во последниве два дена.
XS
SM
MD
LG