Достапни линкови

logo-print

Проблеми поради студеното време во Европа


Студено време и натаму владее во поголе дел од земјите во Европа. Германија ги предупреди граѓаните да обезбедат залихи на храна и вода. Британија се соочува со најлоша зима во последниве три децении. Во Франција поради големите врнежи од снег се откажани возните линии, а јужниот регион на земјата нема струја. Ниски температури се забележани и во Шпанија и Португалија, кои го отежнуваат одвивањето на собраќајот. Лисабонските власти ги засолнија бездомниците во две метро станици. Во Норвешка во селото Фолдал се измерени – 42 степени. Во изминативе 48 часа во Полска поради студеното време, животот го загубија 9 луѓе.
XS
SM
MD
LG