Достапни линкови

САД со нови финансиски санкции против Иран?


Белата куќа подготвувала нови финансиски санкции против Иран. Весникот Вол Стрит Џурнал денеска објави дека американското министерство за финансии се фокусирало врз иранската Револуционерна гарда, која, како што се наведува, се наметнува како економска и воена сила веднаш зад врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи и претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Во последниве недели бил направен список на компании поврзани со Револуционерната града. Според весникот, на списокот се иранската телекомуникациска компанија и иранската алуминиумска индустрија.
XS
SM
MD
LG