Достапни линкови

Блатер погоден од нападот врз репрезентацијата на Того


Претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер изјави дека бил длабоко погоден од нападот врз автобусот во кои биле репрезентативците на Того. Инцидентот се случил вчера на граничниот премин меѓу Конго и Ангола каде што тимот на Того патувал на Купот на африканските нации. Во нападот бил убиен возачот на автобусот, а деветмина членови на репрезентацијата, вклучувајќи и двајца фубалери, биле ранети. Анголската влада за нападот ги обвини сепаратистите на провинцијата Кабинда кои неколку децении бараат самостојност од Ангола. Фудбалскиот куп почнува утре, а Того в понеделник игра против Гана.
XS
SM
MD
LG