Достапни линкови

Груевски - за името можеби ќе има нешто ново до крајот на месецов


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се засилува притисокот од надвор за решавање на прашањето за името со Грција во следните неколку месеци и дали чувствува таков притисок, рече дека притисокот го има цело време. Нема нешто посебно ново и добро е да го има и на другата страна, истакна Груевски по посетата на објектите на Стариот театар и на музејскиот комплекс „Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот“, кои се градат на левата страна од реката Вардар во Скопје. Во врска со тоа дали има детали за продолжување на преговорите за името, Груевски истакна дека се очекува кон крајот на јануари или во февруари да има нешто ново. Во однос на ангажманот на македонските мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан рече дека се преземаат обврските како Македонија да е членка на НАТО, иако се уште го нема добиено членството, притоа изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи наскоро.
XS
SM
MD
LG