Достапни линкови

logo-print

Исланд - референдум за долгот кон Британија и Холандија?


Парламентот на Исланд денеска ќе дебатира за плановите за референдум за нацрт-законот според кој на Британија и Холандија треба да им бидат вратени 5 милијарди долари како компензациј на нивните штедачите кои претрпеа загуби во 2008 за време на колапсот на Ајс Сејв банката. Двете земји им ги компензираа парите на нивните штедачи и сега ги бараат парите од Исланд. Претседателот на Исланд не го потпиша законот поради јавното негодување за условите на компензацијата. Меѓутоа, евентуалниете несогласувања со Британија и Холандија можат да им наштетат на напорите на Исланд за членство во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG