Достапни линкови

Шпанија е за забрзување на турскиот пат кон ЕУ


Шпанија се надева дека ќе може да ги забрза пристапните разговори на Турција со Европската Унија, кои повеќе години се во застој. Ова во Мадрид го изјави шефот на дипломатијата Мигел Анхел Моратинос. Шпанија, која е земја преседавач со ЕУ се залага за членство на Турција во Унијата за разлика од некои европски држави кои имаат резерви и сакаат на Анкара место полноправно членство да и дадат привилегирано партнерство.
XS
SM
MD
LG