Достапни линкови

logo-print

Во Скопје нови 12 лица со симптоми на А Х1Н1


Во последните 24 часа во скопските болници се хоспитализирани вкупно 12 лица со симптоми на новиот грип од тип А (Х1Н1). На Клиниката за инфективни болести во Скопје се лекуваат 56 лица, во Воената болница 11 лица.
На Детската клиника во Скопје болнички се лекуваат 33 деца со симптоми на грип на возраст од шест месеци до пет години.
Од ресорното министерство соопштуваат дека на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле во изминатото деноноќие хоспитализирани се три деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот болнички се лекуваат 24 деца.
XS
SM
MD
LG