Достапни линкови

logo-print

Ираелски авиони бомбардираа цели во Појасот Газа


Израелски авиони вчера извршиле неколку напади во Појасот Газа, при што најмалку двајца палестинци биле убиени, а неколкумина ранети. Експлозии имало во градовите Газа, Кан Јунис и Рафа, а израелската акција била одговор за ракетните напади врз израелска територија од Појасот Газа во истиот ден. Израелски авиони исфрлиле и летоци со предупредување до палестинците да не се доближуваат на 300 метри од границата со Израел или во спротивно можат да бидат убиени.
XS
SM
MD
LG