Достапни линкови

Обама повика на нови безбедносни мерки во авио сообраќајот


Втор пат за три дена, американскиот претседател Барак Обама зборуваше за потребата да се поправат и да се учи од грешките што дозволија Нигериецот кој е на листата на терористите да се качи на американски авион во Европа на Божик со намера да подметне експлозив. Во синоќешното обраќање Обама порача дека треба да се воведат нови мерки, како што е потемелен скрининг на патниците и проширување на листата на терористите. Тој исто така рече дека пропустот на Божик бил системски и нема никој да биде отповикан од функција заради тоа.
XS
SM
MD
LG