Достапни линкови

logo-print

Ирак и Иран ќе ги започнат преговорите за граничниот спор


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки по посетата на Ирак соопшти дека преговорите меѓу двете земји за граничниот спор ќе започнат најкасно за една недела. Тој во Багдад се сретна со неговиот колега Хошијар Зебари со кој се сложиле да ја нормализираат ситуацијата на меѓусебната граница. Зебари соопшти дека спорот е поради наследените проблеми од поранешниот лидер Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG